Додавањето на можноста да се исклучи делот со вести во панелот за „виџети“ во Windows 11 беше една од најдобрите одлуки за оваа функција, покрај додавањето на поддршка за „виџети“ од трети страни. 

Меѓутоа Microsoft не се откажува од овој дел кој мислам дека скоро никој не го користи, па сега тестираат прикажување на вести преку нов дел наречен Copilot Discover.

Очекувано беше дека од компанијата ќе го заменат изворот на вести од MSN со таков кој е помогнат од вештачката интелигенција, но сепак во позадина останува агрегаторот за вести од компанијата. 

Панелот за виџети ќе добие и мала промена поради ова, односно корисниците ќе продолжат да ги гледаат само виџетите во еден дел, а вестите во друг дел, со поделба направена во табови. 

Корисниците на вестите ќе можат да ги менуваат своите преференции за што да им биде прикажано, да зачувуваат вести за читање подоцна, а ќе можат да се вклучат и известувања за вести. 

Засега оваа новина се тестира, но најверојатно ќе биде додадена официјално во некоја од наредните надградби на системот. 

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаSamsung ја подига ерата на преклопни уреди и секојдневната грижа за здравјето со глобалното лансирање на Galaxy Z Fold7, Galaxy Z Flip7 и серијата Galaxy Watch8
Следна статијаЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.