Microsoft-Interactive-Live-Tiles

Повеќето од вас сигурно веќе се запознаени со плочките кои што прикажуваат информации во живо (Live Tiles) претставени во Windows Phone 7, а подоцна и во Windows 8 оперативните системи. Тие претставуваат еден вид на унапредување на обичните икони користени во другите оперативни системи, кои што прикажуваат информации од соодветната апликација. Плочките со текот на годините беа унапредувани, меѓутоа остана една функција која што остана недостапна до денес, а е доста барана од корисниците.

Тоа е можноста за интеракција со плочките, наместо само прикажување на информациите и отворање на апликацијата. Microsoft Research работи на развој на оваа функција, па во продолжение можете да видите видео каде што е прикажано демо од некои од можностите за во иднина. Како што ќе видите од видеото, плочките ќе вклучуваат дополнителна големина на која што ќе биде достапна функцијата за интеракција. Така на пример, плочката за Mail апликацијата ќе може да прикаже повеќе пораки со повлекување на листата како во апликацијата. На People апликацијата ќе можете директно да постирате на некоја од социјалните мрежи, а посебно интересна е апликацијата за временска прогноза. Исто така ќе има можност за интеракција со активните апликации на лентата која што се појавува на десната страна од екранот, па на многу едноставен начин ќе можете да прикачите фајл од неа во mail апликацијата. Оваа функција ќе биде поврзана со Windows Phone уредите и ќе овозможи продолжување на започнатата работа на десктоп или таблет компјутерот на вашиот паметен телефон.

Но, да не должиме многу, погледнете го следното видео и видете сами. Според нас ова е нешто што можеби до сега требаше да биде воведено, па се надеваме дека ќе може да се види на компјутерите оваа година.

Извор: WPCentral

 

Претходна статијаSamsung Galaxy S5 почнува да се продава од денес во 125 земји
Следна статијаКои веб страни се „закрпени“ за Heartbleed ? Променети ги лозинките кои ги користите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.