Google

Претседателот на Android екосистемот, Самир Самат, ги потврди неофицијалните најави за спојување на ChromeOS и Android во еден систем кој ќе функционира на повеќето достапни уреди. 

Тоа значи дека во иднина од компанијата ќе развиваат само еден систем, а тој ќе биде направен на основа на Android, односно очекувано развојот продолжува во тој правец. 

Самат преку X излезе со мало појаснување за што е тоа што можеме да го очекуваме од спојувањето на системите, но за жал тоа сѐ уште не ни ја прикажува ни приближно целосната слика, па ќе мора да почекаме додека нешто поконкретно не биде пуштено. 

Како и да е, од тоа што го објави Самат, може да се заклучи дека ChromeOS ќе продолжи да биде развиван во сегашниот стил, па главната промена ќе биде повеќе во основата, која наместо на Chrome прелистувачот, сега ќе биде на Android оперативниот систем. 

Ова се добри вести за корисниците на Chromebook компјутерите кои можат да очекуваат дека корисничкото искуство ќе остане исто, па дури ќе биде и подобрено.

Со спојувањето на системот, може да се очекува многу подобра поддршка за Android апликации, а и многу подобро функционирање на Android телефоните со Chromebook компјутерите. 

Официјалната потврда на оваа промена сигурно значи дека наскоро ќе можеме да дознаеме и нешто повеќе, а ги очекуваме и првите видеа од тест верзиите. 

ИЗВОР9to5Google
Претходна статијаГласот на Бранка Станковска повторно се слуша благодарение на македонскиот стартап Tytl и вештачката интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.