iOS 17 треба да биде официјално пуштен за корисниците овој месец, по претставувањето на iPhone 15 серијата идниот вторник на 12 септември. Покрај новини поврзани со апликациите од Apple и слични, системот добива и повеќе мали новини за кои ретко се говори на презентациите.

Една таква е можноста да се ресетира кодот кој се користи за отклучување на екранот доколку корисникот го има заборавено. Можноста да се ресетира кодот е овозможена преку внесување на стариот код, а ова ќе може да се направи во рок од 72 часа.

Ова е одлично за ситуациите кога кодот е променет од страна на корисникот, па уште не е навикнат да го користи, што лесно може да доведе до негово заборавање.

Доколку корисникот не сака стариот код да биде достапен за користење три дена од промената, истиот може да го исклучи, односно да избере да биде истечен веднаш.

Дел од новините кои се дел од iOS 17 ќе можеме да ги видиме и на презентацијата на iPhone 15 идната недела.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПретставена програмата на Weekend.16 – најважните теми од светот на медиумите, комуникациите и бизнисот на крајот на септември во Ровињ
Следна статијаPaint во Windows ќе добие можност за отстранување на позадината од сликите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.