Кај своите Pixel уреди, како и уште одреден бројка на други Android телефони, Google во САД ќе воведе повикување на броевите за итни случаеви без потреба од разговарање од страна на корисникот.
Во голем дел од државите во САД се воведува можност за испраќање на порака до 911, познатиот број за итен случај, со што повикувачот нема потреба да разговара доколку не е во можност.
Google воведува можност која ќе им овозможи на корисниците уште поедноставно повикување на сервис за итни ситуации, без потреба и од пишување на порака. Тие се што треба е да изберат за каков случај се работи, односно медицински, пожар или за полиција, по што системот автоматски ќе се јави на 911.

По јавувањето, системот преку говор ќе ја даде локацијата на операторот и ќе истакне за каков вид на случај се работи.
Овој нов сервис е дел од Phone апликацијата од Google која е дел од Pixel уредите, како и одредени Android уреди кои функционираат со прилично основна верзија од оперативниот систем, односно без свои додатоци.