На крајот од минатата година официјално заврши поддршката за старата и позната веб технологија Flash. Од 12-ти јануари Adobe започна и со блокирање на оваа содржина преку Flash Player, па корисниците веќе не можат да ја користат и да сакаат, иако има одредени начини за тие што сметаат дека мораат да продолжат со користење.

Microsoft уште минатата година пушти опционална надградба за Windows 10 која целосно го отстранува Flash од оперативниот систем. Сега оваа надградба е пуштена за сите корисници и тие веќе немаат избор дали сакаат или не да ја инсталираат.

Кога ќе се земе во предвид фактот дека веќе и нема Flash содржина на интернет, мали се шансите дека било кој ќе забележи некаква разлика, а целосното отстранување на Flash гарантира поголема безбедност на уредот.

Надградбата ја носи ознаката КБ4577586, односно Update for the removal of Adobe Flash Player. Истата веќе би требало да ја имате инсталирано доколку го имате ажурирано вашиот Windows 10 уред изминатите недела дена.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаGoogle најави шест новини во Android поврзани со повеќе делови и апликации од системот
Следна статијаSamsung уредот со Exynos чип и графика од AMD ќе биде лаптоп кој треба да биде претставен во втората половина од годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.