firefox-os-f

Секоја апликација која што ја инсталирате на вашиот мобилен телефон или таблет компјутер добива пристап до одредени ресурси на вашиот уред, односно оперативен систем. Овој пристап до ресурсите на уредот се нарекуваат пермисии или со друг збор дозволи за пристап до ресурсите. Пермисиите обично се однесуваат на локацијата, менување и бришење на фајлови, пристап до мобилната мрежа, испраќање и читање на пораки, вклучување на апликацијата при палење на уредот и слично.

Поради тоа што темата за приватноста и можноста корисниците да избираат работи поврзани со неа, оперативните системи, односно продавниците за апликации вклучуваат и информации за тоа кои пермисии ги има одредена апликација кога истата ја инсталирате. iOS на корисниците им овозможува потоа да ги вклучуваат или исклучуваат пермисиите на посебните апликации до одредени ресурси, додека Android оперативниот систем само ги покажува, меѓутоа не овозможува нивно посебно менување. Доколку не ги дозволите пермисиите при инсталација на некоја апликација, на пример поради една од пермисиите, тогаш не можете да ја инсталирате апликацијата.

Mozilla најави дека во идните верзии од својот Firefox оперативен систем, ќе им дозволат на корисниците да ја менуваат секоја пермисија која што ја има одредена апликација посебно. Изборот кој што ќе биде на располагање е апликацијата да има пристап од одреден ресурс, да нема пристап или да ве праша при секој обид да пристапи до ресурсот. Се разбира, како што нагласуваат и од Mozilla, исклучувањето на одредена пермисија која што сметате дека не е потребна за одредена апликација, може да доведе до тоа истата да престане да функционира.

Пристапот до пермисиите на секоја апликација ќе биде сепак сокриен за обичниот корисник кој што не се разбира доволно за да ги прави промените. Програмерите, како и понапредните корисниците ќе можат да ја вклучат функцијата преку прилагодувањата за програмерите, по што ќе добијат пристап до менито за пермисиите.

Пристапот до одредени ресурси на уредот, посебно на Android оперативниот систем е предмет на дебата, поради отвореноста на оперативниот систем. Доста апликации вклучуваат пристап до одредени ресурси кои што не се потребни за конкретната апликација, па така на пример има апликации кои што се направени за едноставната намена да ја вклучат flash сијаличката на уредот, но вклучуваат пристап до ресурсот за испраќање на SMS пораки. Ова се разбира е сомнително за ваков тип на апликација, па затоа што не може да се исклучи таа пермисија, се препорачува корисниците воопшто да не ги инсталираат ваквите апликации.

Извор: PCWorld

Претходна статијаDropbox ги намали Pro пакетите на еден кој што вклучува 1TB за 9,99 долари месечно
Следна статијаFacebook воведе таргетирање врз основа на брзината на интернетот на корисниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.