wp_ss_20140926

Моментално најновата верзија од Windows Phone оперативниот систем е 8.1.1 која што поради разните уреди, производители и оператори, не ја користат поголемиот број од корисниците. Меѓутоа, поради фактот што Microsoft дозволи секој обичен корисник со едноставно регистрирање да добие пристап до програмерските верзии, голем број од вас веќе ја користат најновата верзија.

Оваа недела за корисниците на Preview for Developers програмата е достапна уште една надградба, која што е наменета за исправка на одредени пријавени проблеми и багови. Најновата верзија од оперативниот систем преку оваа програма ја носи верзијата 8.10.14176.243 и покрај исправките на проблеми вклучува уште една одреден период очекувана работа од голем број на корисници. Се работи за поддршка за инсталирање на 8.1.1 надградбата од страна на корисниците на HTC 8X уредите, нешто што не беше возможно поради потреба од досредување на одредени работи од страна на компанијата. Тоа значи доколку сте корисник на HTC 8X и ја користите Preview for Developers верзијата, конечно ќе можете да ја инсталирате најновата верзија од оперативниот систем.

Се разбира ова немаше да биде толку важна вест за корисниците на HTC 8X доколку се работеше за обична надградба која што во главно вклучува подобрување на перформансите и исправка на багови. 8.1.1 надградбата донесува можност за користење на папки на главниот екран, како и можност за користење на Cortana доколку го промените вашиот регион во Велика Британија.

За жал, како што беше истакнато ова лето, надградбата не треба да биде достапна за корисниците на HTC 8S, но од одредени коментари се добива впечаток дека сепак е достапна. Доколку сте корисник на овој модел, можете да не информирате нас и нашите читатели дали можете да го надградите својот телефон.

Извор: WPCentral

Претходна статијаДиректорот на FBI загрижен за новите политики за приватност на Apple и Google
Следна статијаКамерата Seek Thermal нуди џебно термалното скенирање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.