На следното видео може да се види најновата верзија од Tizen OS оперативниот систем развиван од страна на Samsung во соработка со други компании дел од мобилната индустрија. На новата верзија се работи веќе одреден период и не беа достапни многу информации за тоа како ќе изгледа и кои функции ќе ги има оперативниот систем.
Tizen OS во видеото е претставен од страна на Engadget порталот кои што се присутни на MWC 2014 настанот и на него можете да видите дека оперативниот систем е веќе во понапредна фаза, како и неколку интересни работи. Претставувањето на овој оперативен систем беше најавено за овој настан.
Од видеото се гледа дека корисничкиот интерфејс е организиран во повеќе home екрани како на Android, но наместо со икони и widget-и тие се исполнети со Dynamic Boxes, како што ги нарекуваат. Може да се каже дека тие потсетуваат на концептот на плочки во Windows Phone, меѓутоа направени со повеќе функции и со изглед повеќе сличен на widget-ите во Android. Исто така оперативниот систем има и центар за нотификации кој што изгледа скоро исто како и центарот во TouchWiz корисничкиот интерфејс кој што го користи Samsung во своите Android телефони.
Извор: Engadget