microsoft-cortana-624x330

Cortana претставува измислен лик со вештачка интелигенција кој што ја чита позадинската приказна, како и нуди помош на играчите на познатата Halo игра. Гласот на Cortana е позајмен од актерката Jen Taylor. Ова име, како и ликот се верува дека ќе бидат претставени во Windows Phone 8.1 верзијата во улогата на личен асистент. Поточно се работи за софтверско решение кое што преку гласовни команди извршува одредени задачи или дава информации на корисникот. Можеби најпознат ваков асистент е Siri од Apple кој што може да се користи на iOS уредите, а и Google Now сервисот кој што е помалку персонализиран, односно не користи личност со име.

Иако не е уште официјално потврдено од страна на Microsoft оваа нова можност во 8.1 верзија од Windows Phone според сите информации, како и од SDK алатката, дефинитивно ќе биде претставена. Според информациите до кои што има дојдено порталот The Verge, Cortana ќе го замени Bing Search сервисот што моментално овозможува ограничени услуги во стилот на асистент. Исто така Cortana ќе работи со поддршка, односно ќе добива информации од Bing, Foursquare и други сервиси за да ги одговори сите барања на корисникот.

Информациите исто така говорат дека Cortana ќе има функција наречена Notebook во која што ќе бидат складирани сите информации кои таа ги користи за да може да му ги даде сите одговори на корисникот, како и да изврши одредени задачи. Оваа функција ќе има пристап до информации како локацијата на корисникот, однесување, лични информации, потсетници и контакт информации. Она што ќе биде карактеристично за оваа функција е тоа што овие информации нема автоматски да бидат собирани и зачувани, туку корисникот ќе може да избере кои информации ќе сака да ги даде, односно дозволи да бидат зачувани. Пред секое зачувување на информации, корисникот ќе биде прашан дали се служува истите да бидат зачувани.

Оваа можност е обид на Microsoft да се претстави како компанија која што внимава на приватноста на своите корисници, нешто што многу од нив не сметаат дека е карактеристика на истата.

Windows Phone 8.1 ќе биде претставен во Април на Microsoft Build конференцијата, а треба да биде достапен на корисниците до Јули или Август.

Извор: The Verge

Претходна статијаSteve Jobs поштенска марка во 2015
Следна статијаОд утре почнува Mobile World Congress 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.