NUSA-CP-Cortana-Red-Assistant-Section1-jpg

Kirt McMaster коосновачот и главен директор на Cyanogen Inc. го дава своето гледиште за пазарот на мобилни телефони и следствено на оперативните системи. Неговата компанија прерасна од развојот на CyanogenMod, изменетата верзија на Android која што стана популарна кај корисниците кои што не им се допаѓаа пренатрупаните верзии од големите производители.

Компанијата сега продолжува со развојот на CyanogenMod, меѓутоа и на Cyanogen OS кој што доаѓа пред инсталиран на одреден број на уреди, вклучувајќи ја и првата верзија од OnePlus One.

Според кажувањата на Кирт, тие планираат да го направат Cyanogen OS првиот оперативен систем кој што успешно ќе ги загрози Google и Apple. За да некој оперативен систем успешно го направи тоа, логично истакнува Кирт, тој треба да во самиот старт ги нуди сите работи достапни на популарните платформи.

Не следењето на ова правило тој го истакнува и како главната причина за неуспехот на другите платформи, вклучувајќи го и Windows Phone за кого истакнува дека луѓето едноставно не ги купуваат уредите со овој оперативен систем.

Една од поинтересните работи кои што ги истакна Кирт е и најавата за интегрирањето на Cortana од Microsoft во самиот оперативен систем кој што го развиваат. Тој не истакна точно кога би можело да се очекува Cyanogen OS со Cortana, но сепак ја нагласи соработка која што ја имаат со Microsoft.

Интегрирањето на Cortana во самиот оперативен систем значи дека таа нема да биде само апликација, нешто што е веќе достапно за Android во бета верзија. Интеграцијата во системот ќе овозможи функции како што се сега достапни на Windows Phone, што на корисниците ќе им овозможи многу подобро корисничко искуство.

Добивката на Cyanogen Inc. со интегрирањето на Cortana може да се каже дека е до некаде очигледна. Останува само да се види која е стратегијата на Microsoft кои што ја тргнаа една од ретките ексклузивности кои што ги имаат корисниците на Windows Phone. Меѓутоа со се’ уште многу малиот процент од пазарот, не е воопшто чудна стратегијата на компанијата за постепено ширење на останатите сервиси, што евентуално би придонело и до подобра прифатеност на нивниот оперативен систем.

Извор: Windows Central, IBTimes

Претходна статијаSamsung ќе почне да произведува 6 GB рам за паметните телефони!
Следна статијаTinder воведува Super Like за тие што навистина ви се допаѓаат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.