По одлуката на Microsoft нивниот Copilot асистент да функционира како посебна апликација во Windows 11, наместо интегриран во системот преку лентата која се прикажуваше на десната страна, корисниците изгубија дел од функциите кои им беа достапни.
Очекувано, дел од овие функции може да се очекува да бидат повторно вратени назад, па една од нив е пристапот на Copilot до Settings апликацијата. Ова е мала, но доста корисна можност, а посебно за корисниците кои не се баш во категоријата на „напредни“ корисници.
Со оваа нова можност, корисниците ќе можат да го прашаат Copilot како нешто да направат на нивниот компјутер, односно како да променат одредено прилагодување. Copilot, покрај деталното објаснување, ќе им овозможи и директен линк до делот од Settings апликацијата каде може да се направат потребните измени.
Ова не е добро како можноста Copilot самиот да ги направи потребните измени, но од тоа што може да се види како најава за иднината на Windows, такво нешто ќе биде можно во иднина сигурно.
Оваа новина моментално се тестира преку Windows Insider програмата, па ќе стане достапна за сите корисници.