Фото: Shutterstock.com

Android Authority ексклузивно објави информација со која најавува можна нова функција на која работи Google. Според информацијата, Google експериментира, односно ја тестира можноста нивниот ChromeOS да може да работи од Android смартфон.

Целта на една ваква функција, која би била достапна на Pixel смартфоните од компанијата, е ChromeOS да може да се користи кога телефонот е поврзан на монитор.

Ако оваа можност ви е веќе позната, тоа е така поради Samsung и нивната веќе неколку години достапна функција DeX.

Во основа, смартфоните се веќе доволно напредни да можат да овозможат користење на основни активности кои корисникот би ги правел на неговиот компјутер.

Со поврзување на смартфонот на монитор, корисниците би можеле да прават работи како „сурфање“, користење на неколку апликации во исто време, пишување, гледање видео содржина и слично.

Кога на ова ќе се додаде и фактот дека ChromeOS е систем кој е познат по малото „барање“ за ресурси, смартфоните од високата класа се повеќе од доволни за да може да функционира на нив.

Начинот на којшто Google планира да овозможи ChromeOS да функционира преку Android е преку Android Virtualization Framework, функција која беше претставена со Android 13 верзијата.

Засега не е познато дали и кога од Google планираат да ја претстават оваа новина, но може дефинитивно да се заклучи дека во иднина повеќето смартфони ќе нудат ваква можност.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаАлтернативата на CCleaner од Microsoft стана уште подобра
Следна статијаSamsung Galaxy A55 5G е одличен телефон од средната класа со изработка и изглед како кај најдобрите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.