Kantar Worldpanel, компанија која работи со истражување на потрошувачите, ги претстави своите најнови статистики за користењето на мобилните оперативни системи. Како и што се очекува, поради огромната предност што ја има со години, Android е најкористениот мобилен оперативен систем кој што покажува зголемување на бројот на корисници во поголемиот број на пазари. Зголемување на пазарниот удел се забележува и кај Windows Phone 8 оперативниот систем од Microsoft кој што сеуште не успева да се избори за посериозен удел.
Apple iOS има загуба на пазарниот удел во повеќето пазари, како и Blackberry. Во продолжение можете да ја погледнете табелата на која што се покажани статистиките поделени според платформите на различни пазари.