Фото: Depositphotos

На сите ни е познато дека вештачката интелигенција сѐ почесто се користи при пишување на содржина, па има и ситуации кога одредени текстови не се ни проверени, па ставен е целиот одговор од ChatGPT, на пример. 

Тоа што е помалку очекувано е дека ВИ се користи и при пишување на научни истражувања, но сепак и таму овие алатки стануваат популарни. 

Во студија објавена на Science Advances, а направена на истражувања во областа на биомедицината, објавени на PubMed од 2010 до 2024 покажува дека вештачката интелигенција се „има замешано“ во околу 13,5% од содржината. 

Со оглед на тоа што има повеќе начини да се открие дали некоја содржина е напишана со помош или целосно од ВИ, во студијата е користен методот на споредба на стилот на одредени зборови. 

Конкретно, се барало почесто користење на одредени зборови, а ова се споредува во годината кога започна со работа ChatGPT. Ова е добар начин да се открие посебен стил на пишување кој се разликува од времето пред појавата на големите јазични модели. 

Проблемот со користењето на ВИ при објавата на научните истражувања е најмногу поврзана со грешките кои не се баш ретки при користењето на оваа алатка, како и пристрасноста, а тука треба да се земе во предвид и начинот на којшто е побаран одговорот од страна на научниците. 

„Големите јазични модели (LLM) како ChatGPT можат да генерираат и ревидираат текст со перформанси на човечко ниво. Овие модели доаѓаат со јасни ограничувања, можат да произведат неточни информации и да ги зајакнат постојните пристрасности. Сепак, многу научници ги користат за нивното научно пишување. Но, колку е распространета таквата употреба на LLM во академската литература? За да одговориме на ова прашање за областа на биомедицинските истражувања, презентираме непристрасен, широкоразмерен пристап: Ги проучуваме промените во вокабуларот во повеќе од 15 милиони биомедицински апстракти од 2010 до 2024 година индексирани од PubMed и покажуваме како појавата на LLM доведе до нагло зголемување на фреквенцијата на одредени стилски зборови. Оваа анализа на вишок зборови сугерира дека најмалку 13,5% од апстрактите од 2024 година биле обработени со LLM.“ – стои во воведот од студијата

ИЗВОРPhys.org
Претходна статијаAI.Weekend повторно ја собира регионалната AI заедница во Ровињ: Идеи, иновации и дискусии кои ја обликуваат денешницата
Следна статијаSamsung воведува безбедносни решенија за мобилни уреди подготвени за иднината и персонализирано AI искуство
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.