Фото: https://hei-prometheus.eu/

Со особено задоволство ја информираме јавноста дека Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, УКИМ, е дел од проектот ПРОМЕТЕЈ чија примарна цел е развој и поддршка на иновации и претприемништво помеѓу пет високообразовни институции (ВОИ), два истражувачки центри и едно претпријатие во областа на дигитална трансформација, поврзана со циркуларна економија, климатски промени и одржлив развој.

Проектот се стреми кон поттикнување на институционален ангажман и промени за развој на иновативни и одржливи услуги. Во негови рамки се поставени следниве цели:

  • развој на партнерства меѓу високообразовни институции, истражувачки организации и бизнис институции;
  • развој на висококвалитетни образовни програми од областа на иновации и претприемништво во циркуларна економија;
  • развој на алатки и услуги за поддршка на иновациите и претприемништвото.

Проектот е финансиран од ЕИТ иницијатива за ВОИ: Градење на капацитети за иновации во високото образование. Оваа нова иницијатива на Европскиот институт за иновации и технологија се стреми да ги зајакне капацитетите за иновации и претприемништво во високообразовните институции (ВОИ).

Во рамки на проектот, УКИМ соработува со следниве партнери од проектниот конзорциум:

  • Егејски универзитет – истражувачка единица, ГРЦИЈA, водечки партнер
  • Универзитет во Твенте, Холандија
  • Универзитет ,,Ла САПИЕНЦА” од Рим, ИТАЛИЈА
  • Универзитет во Патра, ГРЦИЈА
  • Национален институт за истражување и развој на биоресурси за храна, РОМАНИЈА
  • Европска регионална рамка за соработка, ГРЦИЈА
  • Компанија Crowdpolicy, ГРЦИЈА

Преку ЕИТ иницијативата за ВОИ, ПРОМЕТЕЈ е помеѓу 20 проекти финансирани од програмата Horizon Europe, чија реализација ќе се одвива во две фази, развојна и имплементирачка фаза.

Бидете во тек со сите проектни активности во следниве неколку месеци преку веб-страницата на ПРОМЕТЕЈ!

Претходна статијаНова менторска програма на ФИТР и PwC за стартапи во рана фаза
Следна статијаArts & Culture апликацијата од Google може да го најде „двојникот“ на вашиот миленик