Фото Arek Socha од Pixabay

Три дена оваа година се, односно ќе бидат најкратките денови за оваа година поради промени во брзината на ротацијата на Земјата на сопствената оска. Еден од овие денови веќе помина, 9 јули, а овој ден беше пократок за 1,23 милисекунди. 

Ова секако е нормална појава која никој нема да може да ја забележи, а сигурно кога говориме за милисекунди секој ќе каже дека тоа нема никаква врска со ништо, но сепак е доста интересна појава за љубителите на вакви информации. 

Наредните два дена кои исто така се очекува да бидат пократки од 86.400 секунди, односно од 24 часа, се 22 јули и 5 август, кои ќе бидат пократки за 1,38, односно 1,52 милисекунди. 

Причината за пократкото траење на деновите е поради побрзата ротација на Земјата, а поради позицијата на Месечината. Кратко кажано, иако има доста фактори кои влијаат на ротацијата, кога месечината се оддалечува од екваторот и се приближува од некој од двата пола, ротацијата на Земјата се забрзува. 

Во овие три денови Месечината ќе биде на таква позицијата со што ќе има влијание на ротацијата на Земјата. 

Како едноставен начин за објаснување на влијанието на позицијата на Месечината на ротацијата на Земјата се истакнува играчката вртимушка, која побрзо се врти доколку се држи од горе и доле, а побавно доколку се држи во средината. 

Промената на должината на деновите секако не прави некоја разлика за луѓето, односно кога истата се мери во милисекунди, но се истакнува дека влијае на функционирањето на компјутерите, GPS системот, банкарските системи и слично, кои соодветно се прилагодуваат. 

Интересна информација е откритието дека денот пред 1 до 2 милијарди години траел околу 19 часа поради побрзата ротација на Земјата и близината на Месечината која со тек на време се има оддалечено. 

ИЗВОРLiveScience
ИЗВОР 2Time and date
Претходна статијаПочнува да се снима забранетиот филм на Манчевски
Следна статијаСо синиот ранец низ Скопје: Приказната на Теодор и силата на заедништвото во Wolt
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.