Starship е новото име на вселенското летало кое е во развој и Елон Маск го прикажа на почетокот од годината.

За ова летало се имаат амбициозни планови, односно ова е леталото со кое се планираат познатата мисија на Марс, но за почеток и поблиску, до Месечината.

Леталото ќе ја користи Raptor ракетата од компанијата за да дојде до орбитата на Земјата, по што ќе може да продолжи на планираниот пат, без разлика дали е до Месечината или до Марс.

Маск, преку својата омилена друштвена мрежа, објави видео во кое се тестираат штитовите за топлина кои ќе бидат поставени на Starship. Овие штитови се тука за кога леталото се враќа на Земјата, а како што знаете, тој процес на почетокот генерира голема топлина поради влегувањето во атмосферата и големата брзина.

На видеото се гледа како штитовите, односно плочките се загреваат до големи температури, конкретно 1.375 степени целзиусови, како што истакнува Маск.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Елон Маск
Претходна статијаCitroen освои награда за најдобар штанд на саемот за автомобили во Женева
Следна статијаЕден од основачите на WhatsApp повторно повикува корисниците да го избришат Facebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments