Close up of a monarch caterpillar, Danaus plexippus, feeding on a milkweed leaf.

Close up of a monarch caterpillar, Danaus plexippus, feeding on a milkweed leaf.

Дали ја знаете онаа досетка, кога вегетаријанец/веган ќе ве осуди дека предизвикувате патење кај животните кога нарачувате и јадете месо, да им вратите: „А ти што им ја јадеш храната?“. Изгледа дека има(ло) вистина и во тоа тврдење.

Имено, според истражувањето направено од Универзитетот од Мисури, растенијата можат да „слушнат“ кога некој ги јаде и да реагираат соодветно. Тој „некој“ во случајот се гасеници. Тестираните растенија имаат внатрешен метаболички процес кој има способност да ги препознае точните вибрации кои се создаваат при грицкањето од гасениците, и да започнат процес на лачење повеќе сенфни масла кои се одбивни за нив.

Интересното е што звукот на ветрот кој е сличен на тој на гасениците не придизвикувал ваков ефект кај нив. Знаете што значи ова? Дека растенијата можат да препознаваат звуци, да препознаат кога се јадени и соодветно да реагираат. Да, вегани, очигледно и вие предизвикувате „непотребно“ патење кај живиот свет.

Воедно, со оглед на тоа дека и растенијата имаат слични однесувања како животните кога се работи за нивното здравје и интегритет, тоа додава кон теоријата за информационен Универзум, став кој критички го застапувам повеќе од една деценија.

Имено, ако растенијата реагираат на надворешните стимули како да размислуваат за случувањата, тогаш размислувањето нема да може да се зароби во тесните граници на биолошките мозоци. Така и камењата, водите и планините „размислуваат“ бидејќи се во основа информации кои меѓусебно се процесираат.

Извор: DailyMail, Time, The Washington Post

Претходна статијаDisney EM-Sense – Одличен влез на пазарот на паметни часовници
Следна статијаГерманскиот производител Shift најави модуларен телефон кој ќе работи на Windows 10 или Android