a9ec8fac-1c8e-413f-84e1-435fa468ddd4

Науката денес е стигната до таков стадиум каде е стекнат толкав корпус на знаења што може понекогаш да помислиме дека е тешко да се открие нешто ново. Научниците, од друга страна, секојдневно се ангажирани да ни докажат дека тоа не е така. Интересното е дека забрзувањето на развитокот на технологијата, научните откритија го следат во истиот, експоненцијален раст.

Па така, со користење на нова технологија наречена секвенцирање на единечни ќелии, научниците од Шведска направија нова, подетална мапа на мозокот на глувците, поточно, на регионите на соматосензорниот комплекс и хипокампалниот ЦА1. Тие простудирале околи 3 илјади клетки од церебралниот кортекс и ги споредиле според тоа кои од 20-те илјади гени се активни во нив во секоја. По подредувањето, тие успеале да направат 47 „купови“ на клетки кои се разликуваат меѓусебно, и во кои спаѓаат сите главни типови на клетки од кората.

Едниот од научниците кој учествувал во студијата, Штен Линарсон од Каролинска Универзитетот, изјави: „Ако го споредите мозокот со салата од овошје, можете да кажете дека претходните методи изгледаа како мешање на овошјето низ блендер и гледање која боја на сок ќе се појави од различните делови на мозокот. Но во последните години ние развивме многу поосетливи методи на анализа кои ни овозможуваат да видиме кои гени се активни во индивидуалните ќелии. Ова е слично на земање парчиња од овошната салата, истражување на нив едно по едно и потоа нивно редење во купови за да се види колку различни типови на овошје се содржи во салатата, од што се направени и како меѓусебно се поврзани“.

Пред некое време пишувавме како DARPA работи на кортикален модем со кој може да се контролираат засебни неврони во мозочната кора, преку користење на специјална техника наречена оптогенетика (светлосна стимулација на нервни клетки). Комбинацијата на подобро класифицирање на мозочните клетки со можностите кои се отвораат со нивна стимулација ќе не` одведе кон еден нов период на развиток на мозок-компјутер интерфејсите и наше подлабоко сплотување со машинската интелигенција.

Извор: IFScience, PressTV

Претходна статијаGoogle со дополнителна заштита од малициозен софтвер во Chrome, Search и Ads
Следна статијаPebble претстави нова генерација од нивниот паметен часовник преку Kickstarter