Клетки заболени од рак кои „светат“ поради вметнување на флуоросцентни молекули во нив
Клетки заболени од рак кои „светат“ поради вметнување на флуоросцентни молекули во нив
Клетки заболени од рак кои „светат“ поради вметнување на флуоросцентни молекули во нив

Редовниот проблем со конвенционалните третмани против рак е што докторите не можат да знаат дали тие успеале се` дури не е веќе касно. Дел од тој проблем е што клетките кои се заболени од рак често знаат да циркулираат низ телото и да го метастазираат на други места па дури и да се кријат околу третираните места и да не можат да бидат детектирани со конвенционални средства за откривање за да се утврди нивната позиција, распространетост и начин на делување.

Но затоа некои научници сега го заговараат најновиот метод за откривање на ваквите клетки преку користење на нано-честички кои се флуоросцентни. Имено, се работи за нано-честички кои се составени од златни атоми обложени со флуоросцентни молекули, а во исто време и со парчиња од ДНК. Оваа ДНК е потребно да коренсподира со РНК која постои во клетките заболени од рак. Овој метод овозможува ваквите честички да навлезат во заболените клетки, а РНК на заболените клетки да почне да ги копира флуоросцентните молекули што ќе предизвика клетките да „светат“ и лесно да може да се откријат со ласер, по што би следел соодветен третман.

Научниците веќе забележале успешно откривање на клетките од рак при експерименти со глувци и со човечка крв на која и’ биле додадени такви клетки, а сега работат на тоа да видат дали ќе успеат да откријат заболени клетки од човечка крв без додатоци. Ваквиот третман ќе овозможи да се откријат оние клетки кои циркулираат низ телото и прават метастази, пренесувајќи ја фаличната програма врз други места во телото и така правејќи го ракот уште толку потежок за победување. Да се надеваме дека еден ден ќе живееме без страв од рак и други заболувања кои денес го напаѓаат човештвото.

Извор: Technology Review

Претходна статијаNokia N1 – новиот таблет на Nokia кој ветува
Следна статијаSuper: Нова апликација за Android и iOS од коосновачот на Twitter