ESTON MARTZ / PENNSYLVANIA STATE UNIVERSITY

Во дефинитивно една од поинтересните научни студии кои ги имаме прочитано, научници ја имаат истражувано интелигенцијата на свињите преку обид да ги научат да играат компјутерска игра со џојстик.

Целта на истражувањето била да се видат когнитивните способности на свињите, како што се меморијата, вниманието и можноста за препознавање на концепти. Во студијата биле вклучени четири свињи од два различни видови, а исто така им биле дадени и имиња, Хамлет, Омлет, Ебони и Ајвори.

Играта која свињите требало да ја играат секако е едноставна, односно се работи за движење на курсорот со џојстик на екранот во одредени цели на екранот, кои се прикажуваат како една до три цели.

Научниците прво требало да ги научат свињите како да го користат џојстикот, а во целиот процес бил користен и диспанзер за храна, како награда и мотивација за добро завршената работа.

На воодушевување на научниците, свињите ја покажале потребната способност за да ја играат играта, односно покажале дека ја разбираат поврзаност на џојстикот со курсорот на екранот, како и што е тоа што се случува.

Тие истакнуваат дека успешно завршената игра била направена повеќе пати за да може да се смета како случајност, што значи дека свињите успевале да направат поврзаност со тоа што се случува.

Интересно се има покажано и ситуацијата која диспанзерот за храна се расипал, па свињите продолжиле да ја играат играта, наводно само врз основа на мотивација од страна на научниците.

Сепак, иако свињите покажале поголема способност од очекувањата, тие не се на ниво на некои други животни за кои се развиени овие тестови. Затоа се размислува за иднина тестовите да се направат со екран на допир, со оглед на тоа што свињите сепак мораат да ги контролираат работите со нивната муцка.

Студијата е објавена во Frontiers for Psychology и можете целата да ја погледнете на овој линк.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаAnalysys Mason: Придобивките од 5G значително ги надминуваат трошоците
Следна статијаMicrosoft биле заинтересирани да ја купат познатата Pinterest
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.