После неколку одложувања, што од технички проблеми, што од неповолни временски услови, NASA денес во 7:47 утрото успешно ја лансира SLS – Space Launch System ракетата и Orion леталото.

Во овој случај, мисијата Artemis I е без астронаути и има за цел да лета околу 65.000 километри подалеку од Месечината и да се врати назад на Земјата. Пред враќањето на Земјата, Orion леталото ќе орбитира неколку дена околу Месечината, по што враќањето на Земјата е планирано за 11 декември.

Главната цел на Artemis I мисијата е тестирање на Orion леталото, неговиот штит од топлина, како и штитовите од радијација, тестирање на сензорите, навигацијата и комуникациите.

Ова претставување враќање на NASA во вселената со своја ракета, како и враќање на Месечината после педесетина години. Официјалното враќање на Месечината е планирано за 2025 година, кога екипаж од тројца астронаути ќе треба да слетаат на нашиот природен сателит. Една година претходно, Orion леталото ќе носи астронаути, но само околу Месечината.

Крајната цел на Artemis мисиите е лет до Марс кој би започнал од Месечината, но очекувано за тоа уште не е поставена сигурна дата.

SLS ракетата го донесува Orion леталото до планираната висина на која се започнува со орбитирање на Земјата. Во оваа фаза од мисијата Orion ги отвора своите сончеви панели и инженерите започнуваат со првичните тестови на системите на леталото.

Час и половина подоцна, Orion ги вклучува своите мотори и го започнува патот кон Месечината.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаВклучување во живо од С. Р. Германија, со дискусија во рамките на Глобалната недела на претприемништво, на тема: „ДУАЛНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ – ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ“
Следна статијаApp Tracking Protection од DuckDuckGo достапна за сите корисници на Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.