Во една вест што ќе ги извади носачите на алуминиумски капи малку понадвор од дијагностицирање на параноја, научниците успеаа да искористат магнетно поле за да влијаат врз ставовите на луѓето околу имиграција и религија.
Истражувачите од Универзитетот од Јорк на одредена група го сконцентрирале магнетното поле врз делот во мозокот кој се бави со реагирање на закани. Паралелно на контролна група им било дадено плацебо магнетно зрачење, недоволно да предизвика било какви промени во функционирањето на мозокот. Со концентрирањето на магнетното поле на делот од мозокот, тие го исклучуваат, па луѓето во експериментот зачудувачки ги промениле своите ставови околу погоренаведените теми. Потоа тие им рекле да мислат на смрт, а дури потоа да одговараат на разни прашања.
Научниците утврдиле дека оние на кои предниот дел од сивата кора (фронталниот кортекс) им бил исклучен прикажале 32,8% помалку верба во бог, ангели или рај. Тие во исто време биле и 28,5% попозитивни кон имигрант кој ја критикувал нивната земја.
Инаку, идејата да „мислат на смрт“ дошла бидејќи луѓето најчесто помислуваат на идеологија кога помислуваат на смртта. „Се одлучивме да ги потсетиме луѓето околу смртта бидејќи претходните истражувања покажаа дека луѓето се вртат кон религијата како утешувачка соочени со смртта. Како што беше очекувано, пронајдовме дека кога експериментално го исклучивме постериорниот медиален фронтален кортекс, луѓето беа помалку наклонети да посегнуваат по утешувачки религиозни идеи и покрај тоа што беа потсетени на смртта“, изјави Др. Кеисе Изума, учесник во овој експеримент.
ОК, значи носењето алуминиумска капа не изгледа веќе толку параноично (иако не знаеме дали воопшто помага во овој случај), како и сугерирањето од пред една деценија дека тајните служби можат да прислушуваат скоро секаква комуникација без дозвола. Што е следно, HAARP навистина прави бури и контролира умови, вонземјаните не` посетиле и САД не слетаа на месечината пред неколку децении?
Извор: RT, ScienceMag, Independent