150464main_pia04917-browse

Мисијата на Марс од NASA која што моментално е во тек вклучува неколку летала во орбитата, покрај познатите ровери кои што ја истражуваат површината. Овие летала, поточно наречени Mars Orbiters, служат за комуникација и следење на роверите, истражување на планетата и нејзината атмосфера и слично.

Оваа недела, односно на 19-ти Октомври, блиску до Марс ќе помине кометата Siding Spring. Кометата ќе помине на растојание од 139.500 километри од планетата, што претставува најмало растојание кое што некогаш се има случено на Земјата, а тоа е и помалку од половината на растојанието од Земјата и месечината. Siding Spring ќе помине со брзина од 56 километри во секунда и доаѓа од регион околу сончевиот систем наречен Oort Cloud. Овој дел од вселената е полн со големи смрзнати објекти за кои што се верува дека се останати од времето на формирањето на сончевиот систем.

Поминувањето на кометата е прво во внатрешниот дел од сончевиот систем и за научниците претставува уникатна можност да ја проучуваат. Нејзиното проучување може да открие многу информации за формирањето и историјата на нашиот сончев систем.

Покрај уникатната можност за проучување, кометата потенцијално може да претставува и закана за леталата во орбитата на Марс. Таа не може да удри директно во нив, меѓутоа остатоците кои што се наоѓаат зад нуклеусот на кометата, дури да се работи и за многу мали, може да ги оштетат леталата. Поради тоа NASA на време има изготвено план за нивно поставување на спротивната страна од Марс за време на прелетувањето на кометата, со што ќе ги сокрие и заштити од било каква опасност.

Дел од остатоците можно е да завршат на планетата, што претставува дополнителна шанса за истражување на влијанието на кометата на планетата и нејзината атмосфера.

Извор: NASA, RT

Претходна статијаНаскоро подводно дишење како риба
Следна статијаЕлон Маск е загрижен дека човештвото може да заврши во спам-филтерот на идната ВИ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.