Кинеската мисија на Месечината е прилично успешна. Кина веќе испрати неколку летала под Chang’e надимакот, кои вршат најразлични задачи. Chang’e 3 е мисија со робот кој редовно хибернира и повторно се активира на површината на Месечината (веќе 14 пати). Кина исто така го има пратено Chang’e 5-T1 кој има друга мисија.
Chang’e 5 ќе има задача да се врати со примерок од вистинската награда за Кина, а тоа е Хелиум-3 кој ќе го собере од атмосферата на Месечината. Хелиум-3 се користи како фузионо гориво кое го има многу малку на површината на Земјата, во главно поради тоа што Земјата има атмосферски штит кој ја штити од сончевото зрачење – и од исфрлањето на Хелиум-3 од него.
Сонцето редовно исфрла Хелиум-3 кој влегува во атмосферата на Марс, Месечината и други околни објекти. Хелиум-3 е добар како гориво бидејќи не испушта неутрони при реакцијата, кои бидејќи немаат електричен полнеж тешко можат да се задржат. Од друга страна, ова гориво испушта протони при реакцијата кој имаат електричен полнеж и лесно се задржуваат со магнетно поле.
Секако, мисијата на Chang’e 5 нема да биде само за собирање на Хелиум-3, туку ќе биде и за доказ дека многу од богатството на елементи, од кои дел се ретки на Земјата, ќе можат да се собираат преку месечеви мисии. Редовното и активно собирање на елементи и соединенија од површината на Месечината сепак не е лесна работа. Тоа се очекува да започне најрано за една деценија, и веројатно ќе има потреба од луѓе кои заедно со роботите ќе ја вршат оваа акција. Веќе пишувавме за концептот за месечева база која би била веднаш под површината на нашиот сателит, која би се надувала и која би можела да одржува луѓе и роботи со кои би се одржувала една постојана населба.
Извор: ExtremeTech, MailOnline