image_2456-NGC-3242

За крајот на животниот век на ѕвездите има неколку правила и тие се во главно врзани со нивната маса. Ако некоја ѕвезда има маса над 1,8 Сончеви маси, тогаш таа при крајот на својот век ќе експлодира во супернова и ќе го исфрли најголемото количество на маса. Тоа што ќе остане ќе почне да се втиснува во себе, станувајќи црна дупка. Од друга страна, ако некоја ѕвезда има маса под оваа граница, таа само ќе експлодира и ќе се претвори во џуџе-ѕвезда.

Нешто слично се има случено и со ѕвездата NGC3242 која се нарекува „Духот на Јупитер“. Таа имала слична маса со Сонцето и при крајот на својот животен век го исфрлила поголемото количество на својата маса во облик на облак од рентгенски зраци (внатрешнината обоена со сино), кислород (надвор од овој слој обоен со зелено), азот (двете структури налик оганчиња горе и доле на фотографиите) и други. Брзината ветерот создаден од рентгенските зрачења е околу 2.400 километри во секунда, и како што можеме да забележиме, тој се шири насекаде околу остатокот од ѕвездата.

Оваа фотографија е направена од Hubble телескопот кој е лансиран во орбита околу Земјата во 1990 година и се` уште е оперативен, постојано доставувајќи фотографии назад до Земјата. Името на оваа ѕвезда во изумирање доаѓа од едно постаро време кога астрономите на Земјата ја забележале и мислеле дека е друга планета слична на Јупитер, бидејќи имала слична големина на небото со него. Потоа се покажало дека тоа воопшто не е планета туку ѕвезда која е на пат да стане бело џуџе.

Се претпоставува дека нешто налик овој призор ќе се случи и со Сонцето за околу 8 милијарди години. Во тој случај, Сонцето прво ќе набабри и ќе ги голтне Меркур и Венера, а патем ќе ги испари океаните на Земјата (ако се` уште постојат до тогаш). Можам да кажам дека делумно ми е мило што веројатно нема да постојам да го забележам тој страшен призор тогаш. Сепак, би било тоа прекрасен настан да се набљудува од страна, баш како што го набљудуваме тој што се случил на Духот на Јупитер.

Извор: io9, SciNews

Претходна статијаApple развива нова Photos апликација за OS X, ќе биде достапна до оваа пролет
Следна статијаSteve Jobs му го покажал првиот iPhone на Obama пред неговото претставување