Во еден чуден твист на историјата и случајната археологија, работници во Кина работејќи на поправање на пат во почвата открија 43 јајца од диносауруси.
Ова не е прв пат да се случи во провинцијата Гвандонг, која беше наречена „Домот на диносаурусите“, да се пронајдат диносауруски фосили. Во 2004 година локалниот музеј „Хејуан музеј на фосили од диносауруси“ во оваа провинција беше награден со Гинисова награда за најголема колекција на фосилизирани диносауруски јајца – поточно, 10.008 на број тогаш. Од тогаш наваму се пронајдени се` на се` 17.000 фосилизирани јајца, што е навистина огромен број. Сепак, тоа не го заокружува обемот на пронајдоци. Во близината на градот Хејуан од 2006 година наваму беа откриени 11 скелети од диносауруси и околу 200 фосили од стапки.
Според првичната анализа, од сега пронајдените јајца најголемото е во дијаметар од околу 18 цм, а се верува дека се стари барем 65 милиони години. 19 од јајцата се целосно зачувани. Провинцијата Гвандонг обезбеди средства за градење на уште еден музеј за фосили од диносауруси што ќе влијае позитивно на туризмот во оваа планинска територија. Би било интересно, иако веројатно неизведливо, да се пронајде зачуван примерок од ДНК во некое од овие јајца што би овозможило темелна анализа на генетскиот код на диносаурусите, а можеби и остварување на сонот за нивно оживување налик филмот „Паркот Јура“.