InSight ги испрати првите „звуци“ од марсовскиот ветер

Два сензори на роверот кои ќе бидат наменети за други истражувања, ги испратија првите звуци од вибрациите предизвикани од ветер на Марс

InSight леталото, кое е најново испратено на Марс, слета на оваа планета пред десеттина дена. Неговата намена, за првпат, е да ја истражува внатрешноста на планетата, нејзината структура, а тоа ќе помогне во откривање на начинот на создавање на Марс, како и на другите планети со ваков состав, вклучувајќи ја и нашата Земја. 

При чекањето сензорите да започнат со работа, InSight леталото снимило звук со ниска фреквенција, звук предизвикан од вибрациите на самото летало од ветерот околу него. Брзината на ветерот била околу 5 до 7 метри во секунда. 

Два сензори го имаат снимено звукот од ветерот, односно сензорот за притисок на воздухот, кој е сместен внатре во леталото, како и сеизмометарот кој бил поставен на леталото, а овој сензор треба да биде поставен на самата земја. 

NASA ги објави звуците кои биле снимени за време на ветерот, па иако не се работи за класично снимање на звук преку микрофон, ова е најблиското нешто што го имаме до звукот на ветерот на црвената планета. 

Во продолжение е снимката, а како што истакнуваат од NASA, најдобро се слуша преку слушалки, иако во текот на видеото го засилуваат звукот. 

„Снимањето на звукот беше непланирано почастување“ – истакна Брус Банердт од NASA. „Сепак, една од работите на нашата мисија е насочена кон мерење на движењата на Марс и нормално тоа ги вклучува и движењата предизвикани од звучни бранови“.  

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаНовиот на Chromium базиран Microsoft Edge ќе ги поддржува Google Chrome додатоците
Следна статијаНајмладите се најмногу спремни да се возат во автономно возило, за разлика од постарите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.