EF2087

Замислете ден во иднината кога завршувате со работа изморени и нерасположени за насочување кон теретаната или патеката за трчање. Наместо „губење време“ на напор, потење и туширање, земате едно „апче за вежбање“ и тренингот на денот ви е направен без да направите ниту еден поинтензивен чекор. Неверојатно?

Изгледа дека е сосема веројатно, барем делумно. Имено, Исмаил Лаер од Универзитетот од Британска Колумбија е коавтор на преглед на сегашни напори за создавање на вакво апче кое би можело да ги замени физиолошките ефекти на вежбата. Како би можело тоа да се постигне?

Кога вежбаме се случуваат специфични физиолошки промени во мускулите на телото. Ставањето на мускулите под напор предизвикува промена на нивната структура, налепување на белковини врз поткинатите мускулни влакна и зголемување на мускулните клетки. Една студија го направила следното истражување: направила биопсија на мускулните влакна на поединци, кои потоа биле подвргнати на 10-минутна интензивна вежба. Веднаш по вежбата им била направена уште една биопсија.

Со ова биле забележани точните промени кои се случуваат во мускулите при вежба. Се работи за околу 1.000 ефекти кои тешко можат да се имитираат целосно, според Лаер. Од друга страна, некои од нив би можеле, како што се оддржувањето на тонусот на мускулите, кардиоваскуларното здравје и други.

Мора да се напомене дека ваквото „апче“ е пред се` наменето за луѓе кои се онеспособени, а би сакале да имаат колку-толку здраво тело, како на пример, луѓе со повреда на р`бетниот столб, ампутации, прекумерна дебелина и слично.

Немојте ни да помислите дека било кога ќе можат да се заменат сите ефекти на вежбањето, особено здравствените придобивки.

Извор: CNet, Independent

Претходна статијаКорисниците на Windows 10 не го користат новиот Microsoft Edge прелистувач
Следна статијаLexus создаде електричен автомобил од картон