Сакате да ги подобрите менталните способности, а „стандардните“ тренинг апликации или тестови ви се здосадија? Гледајте 3Д филмови.
Според најновата дводелна студија од Голдсмит Универзитетот од Лондон, гледањето 3Д филмови ги подобрува когнитивните способности кај гледачите и тоа значително. Во првиот дел од студијата, направена на повеќе од 100 луѓе, истражувачите ги анализирале способностите на гледачите пред и по гледање на дел од Дизниевиот Big Hero 6 во две варијанти – 2Д и 3Д. Тие ги мереле способностите со тестови кои пак покажале подобрување од 23% во когнитивно процесирање и 11% подобрување во брзина на реакција при гледањето на 3Д верзијата.
Во вториот дел од тестот истражувачите на гледачите им сместиле скенер за мозочна активност додека го гледале филмот. И во овој случај мозоците на испитаниците покажале поголема активност кога гледале 3Д во однос на 2Д верзија. Тие покажале 7% зголемување во (емоционалната) ангажираност во однос на филмот, што е логично имајќи предвид дека 3Д проекциите се далеку поблиски до „вистинскиот живот“ него тие што се 2Д.
Неврологот Патрик Феган во однос на овие наоди изјави: „Како што … тестот потврди, 3Д филмовите се попотонувачки (попривлечни: immersive; заб. на прев.), ги подобруваат сетилата и индуцираат емоционална возбуда – ова, од друга страна, предизвикува мозокот да работи со поголема брзина“. Изгледа дека 3Д технологијата на гледање филм не е само каприц туку може да се употреби за подобрување на вашите интелектуални капацитети.
Извор: Herald Scotland, TechRadar, The Guardian