Со гордост би ја споделиле веста дека Women in Tech Macedonia доби награда на глобалниот самит во Париз за локална организација којашто имала најголем импакт во едукација, една од петте цели за одржлив развој во кои беа доделени наградите.

Наградата беше доделена на амбасадорката на глобалната иницијатива за Women in Tech Macedonia, Моника Ризовска – „Горда сум на сите настани, работилници и конференции кои сме ги организирале досега и ќе продолжиме да го правиме тоа и понатаму со уште поголемо темпо. Нашата цел е да ја доближиме технологија преку едукација до сите, во најразлични теми од технолошкиот свет. Воедно, со тоа ги поддржуваме и поттикнуваме развој на петте цели за одржлив развој: едукација, бизнис и претприемништво, дигитална и социјална инклузија, застапување и родова еднаквост. Верувам дека сите наши активности носат промена во развивање и исполнување на овие цели, а наградата за една од категориите не мотивира само да продолжиме напред. Честитки и до локалните организации од Холандија, Перу, Јужна Африка и Португалија за освоените награди во поддржување и работа кон реализација на останатите четири цели.“

Тимот на Women in Tech Macedonia продолжува со активности кон реализација на нашите цели па следете не на Facebook & LinkedIn за следните настани кои доаѓаат овој месец. Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.

Претходна статијаMicrosoft започна со тестирање на „табови“ во File Explorer
Следна статијаВо САД ќе биде пуштена првата улица во земјата која безжично ќе ги полни електричните возила