22 мај 2024 – Третото издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи како дел од свеченото, полнолетно издание на Weekend.18, и тоа од 18 до 21 септември во Ровињ. Во уште поголем формат, HR.Weekend ќе донесе регионални и глобални експерти од областа на човечки ресурси, кои меѓу другото ќе понудат одговори на најактуелните прашања во индустријата – што ако не успееме да изградиме брендинг на работодавач, зошто генерацијата Z често заминува и каде се движи работната култура?
Минатогодишниот HR.Weekend ги воодушеви сите HR професионалци, менаџери за човечки ресурси и работодавачи, а се разговараше за теми како што се хибридниот модел на работа, L&D практики, вештачка интелигенција, па сè до психотерапија и менопауза на работното место. Оваа година фестивалот оди чекор понатаму и се фокусира на конкретни прашања и одговори на предизвиците од овој сектор, отворајќи теми како што се: HR предизвици во семејните компании, што е (а што не е) добар брендинг на работодавач, што може HR да научи од спортот и дали (и како) треба да се приспособиме на мозокот на генерацијата Z.
„Во своето трето издание HR.Weekend носи уште побогата програма, врвни предавачи и бројни можности за квалитетно вмрежување, но и одлична забава. Целта ни е дополнително да ја зацврстиме заедницата и да создадеме место на кое HR професионалците можат да учат, да растат и да се поврзуваат преку практични примери и отворени разговори за најновите предизвици и трендови во индустријата“ изјави Даниел Акерман- директор на HR.Weekend и извршен директор на агенцијата Degordian.
Предавачи кои HR сцената нема да ги заборави
Богдан Радаковиќ, потпретседател за човечки ресурси, глобална трансформација и организациските промени во шведската компанија Essity, е само едно од најсилните имиња кои ќе настапат на сцената во Ровињ. Радаковиќ ќе зборува за иновативни пристапи во развојот на лидерството, а своите размислувања за организациски развој со фокус на семејни бизниси ќе ги сподели и Борис Вукиќ, партнер и еден од основачите на Adizes Southeast Europe и Senior Associate на Adizes Institute USA.
Тема за која ретко се зборува, а заслужува поголемо внимание е: како начинот на размислување на врвните спортисти може да стане алатка на HR експертите?
На ова прашање ќе одговори Борис Балент, спортски психолог на првиот тим на GNK Динамо Загреб. Со богато искуство во спортот и корпоративното опкружување Балент речиси две децении ги поврзува психолошките принципи со развојот на тимови, а своите увиди ќе ги претстави и пред публиката во Ровињ. Своето богато, дури 20-годишно искуство ќе го сподели и Бруна Костелац Кошир, која раководи со глобалната HR функција на Mplus Group која брои над 13.500 вработени.
Од глобална перспектива на стратешко управување со луѓе ќе зборува и Илија Бониќ, претседател на одделот за кариери на Mercer и член на извршниот менаџмент. Бониќ носи со себе увиди од повеќе од 25 години работа на четири континенти, помагајќи им на најголемите светски компании да се прилагодат на пазарните промени.
Фестивал на модерен HR
Преку серија динамични панели и инспиративни предавања HR.Weekend им носи на учесниците нови знаења, незаборавни искуства и одлична енергија. А по денот исполнет со предавања, следува најдобрата забава во рамки на полнолетниот Weekend.18.
Затоа не го пропуштајте третото, уште поголемо и уште поинтересно издание на HR.Weekend! Сите дополнителни информации можете да ги најдете тука, како и на профилите на Instagram, LinkedIn и Facebook.