Современиот град постојано е во движење – улиците, плоштадите и булеварите се местата каде што секојдневието се меша со ритамот на животот. 

Во таа динамика, трчањето станува нов јазик на урбаното живеење: јазик што ги обединува луѓето, го поврзува здравиот дух со градската енергија и го претвора секој километар во лична приказна. 

Трчањето е повеќе од спорт – тоа е дел од урбаниот живот, начин да се избега од секојдневната брзина, но и да се најде нова рамнотежа.

На 5 октомври, Скопје повторно ќе стане сцена на најголемиот спортски настан во земјата. Виз Ер Скопски маратон 2025 е токму тој момент кога градот го менува своето лице и станува патека за сите што сакаат да ја почувствуваат оваа енергија. 

Регистрациите се отворени до 19 септември, што значи дека остануваат уште само неколку дена да си обезбедите место на стартот. Маратон, полумаратон, штафета или трка на 5 км – без разлика на изборот, секој чекор низ улиците на Скопје е дел од колективниот ритам на градот што трча заедно.

Секој учесник добива богат стартен пакет кој вклучува ваучер од 20 евра од Wizz Air (за учесниците на трката од 5 км ваучерот се доделува само со присуство на стартот), практична торбица, бесплатни фотографии, медал за сите што ќе ја завршат маратонската, полумаратонската или штафетната дисциплина, освежување и овошје, онлајн диплома, дигитален стартен пакет, осигурување и подароци од партнерите.

Пријавете се уште денеска на skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje и осигурајте си место на стартната линија.

Претходна статијаGoogle претстави апликација за Windows која овозможува пребарување преку брзо достапна лента
Следна статијаMicrosoft ќе започне со автоматска инсталација на Microsoft 365 Copilot апликацијата од идниот месец