Made by Google се одржува денес, а тоа значи дека ќе бидат претставени телефоните од компанијата, односно Pixel 10 серијата. Настанот како и секогаш ќе може да се следи во живо, а ќе започне во 19:00 часот по македонско време.
Покрај Pixel 10 серијата, на настанот ги очекуваме и наредната генерација од Pixel Watch, како и Pixel Buds слушалките.
Со оглед на тоа дека Google не ги „крие“ производите како другите, веќе знаеме што ќе биде претставено, а тоа може да се види и од последната реклама од компанијата во продолжение.
Главното внимание како и секогаш на ваквите настани ќе го привлечат новите телефони, а се очекува дека ќе ги има четири. Тука е основниот Pixel 10, заедно со Pixel 10 Pro и Pixel 10 Pro XL. Посебно внимание секако ќе привлече Pixel 10 Pro Fold.
Од рекламата може да се види и најава за гости на настанот, па како водител ќе го има познатиот Џими Фалон, а најавени се и Стивен Кари, Ландо Норис и „Jonas Brothers“.
Настанот започнува во 19:00 часот, па можете да го гледате на YouTube.