Со почеток во 16:00 часот оваа сабота, 18.06.2022, ќе се одржи UIUXMKD-Think and create outside the box конференција, во организација на Women in Tech Macedonia. Бидете во тек со најновите трендови за дизајн и корисничкото искуство преку разговорот со 4 професионалци од индустријата.  Поради голем интерес, конференцијата ќе биде онлајн. За присуство на конференцијата пожелно е да се регистрирате на линкот.

На конференцијата ќе бидат присутни гости панелисти со долгогодишно дизајнерско искуство во македонски и странски фирми како и стартапи. Гостите панелисти ќе зборуваат на различни теми поврзани со UI/UX дизајнот. Своите професионалните искуства и предизвици ќе ги споделат:

  • Нина Геометриова – Продукт Дизајнер во Инстаграм
  • Дарко Лековски – Креативен Директор во Витала
  • Александар Бојковски – UX Дизајнер во Symphony Solutions и ментор на Семос UX Design Academy
  • Ѓорѓи Трпчев – UX Дизајнер во Mak – System и UI Ментор во UX Academy of UX

Огромна благодарност до Europe House Скопје, Impact Foundation, Keitaro, Reconomy и Beer.js Скопје за неизмерната поддршка во реализација на оваа конференција.  

UIUXMKD- Think and create outside the box е бесплатна конференција и онлајн настан достапен за сите заинтересирани, почетници во дизајн, искусни дизајнери и сите кои се заинтересирани да научат нешто ново.

Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.

Претходна статијаМакедонски Телеком донираше вреден апарат на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје
Следна статијаTotal Cookie Protection функцијата сега е автоматски вклучена за сите корисници на Mozilla Firefox
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments