5 септември 2025 – За само две недели, Ровињ ќе стане центар на корпоративните финансии, се враќа Finance.Weekend, фестивалот кој ги собира експертите, лидерите и визионерите за да дискутираат за трендовите, предизвиците и иновациите во управувањето со капиталот. По успешното прво издание, овогодинешниот фестивал носи нова рунда глобални и регионални експерти, со практични примери и длабински увиди во функционирањето на финансиските оддели во најголемите светски компании.
„По успешното прво издание, оваа година Finance.Weekend доаѓа во самостоен формат како дел од Weekend.18, собирајќи ги клучните лидери во финансиската индустрија и експерти од регионот и светот. Новиот формат овозможува подлабок увид во современите финансиски процеси, примената на дигитални алатки и иновативните стратегии кои го обликуваат денешното и идното работење. Ваквите настани не се само можност за размена на знаење, туку и платформа која ја поттикнува соработката меѓу секторите, го зајакнува развојот на нови бизнис модели и ги поставува темелите за стратешки одлуки во брзо менувачката индустрија“, нагласува Матија Накиќ, директорка на фестивалот и извршнадиректорка, и ко-основач на Farseer.
Глобална финансиска стратегија и перспективи на финансиските директори
Еден од главните говорници е Мајкл Бојд, поранешен финансиски директор во Apple, кој е клучна фигура во голем број стратешки финансиски проекти веќе 20 години. Бојд ќе зборува за тоа што значи да се води еден од најголемите корпоративни трезори во светот, од управување со ризици и ликвидност до распределба на капиталот, истакнувајќи како големите одлуки влијаат на целата организација и што лидерите можат да научат од таквите модели.
Овогодинешниот регионален фокус е на телекомуникацискиот сектор, кој се соочува со големи инвестиции, постојани технолошки промени и сè посложени регулативи. Матија Ковачевиќ, финансиски директор на Хрватски Телеком, Матија Мандиќ, членка на Управниот одбор и главна финансиска директорка на Телемах, и Анита Лазовиќ, финансиска директоркана Орион Телеком, ќе дискутираат за тоа како финансиските тимови стануваат активни партнери во бизнисот, поврзувајќи ја стратегијата со оперативните процеси и помагајќи да се донесат брзи и информирани одлуки во услови на сложеност.

Одржливо управување, ESG и регионални лидери
ESG иницијативите сè повеќе доминираат во корпоративната агенда, но нивното спроведување често е предизвик. Ивана Крајиновиќ, партнерка во EY, Митар Божиќ, финансиски директор на Medlog Austria, и Ведрана Јелушиќ Кашиќ, членка на Управниот одбор на PBZ, ќе го отворат прашањето какво е вистинското влијание на ESG, а што е „зелено перење“ и како финансиските и корпоративните лидери можат да го измерат влијанието и да спроведат промени што имаат вистинско влијание врз општеството и животната средина.
Покрај претходно споменатите, ќе учествуваат и Андреас Граф, финансиски директор на A1 Group, Хрвоје Патајац, директор за контрола на Adris Group, Јан Себастијан Кујав, финансиски директор на Dometica, Јелена Лукиќ Четчути, директорка за финансии за јадранскиот регион во Nomad Foods, Лидија Бајиќ, финансискка директорка на Novonordisk, Лука Павловиќ, финансиски директор на Bambi, Матеј Акраповиќ, финансиски директор на Акраповиќ и Сања Керановиќ, финансискадиректорка на Д-р Оеткер, кои преку своите искуства ќе придонесат во дискусиите за управување со капитал, финансиска трансформација и стратешко донесување одлуки во регионот и глобално.
Вториот Finance.Weekend ќе го потврди статусот на фестивал кој комбинира глобална експертиза и локални можности, дава увиди во најновите трендови и размена на знаења што ја обликуваат иднината на финансиите. Бидете дел од финансиската иднина од 18 до 21 септември во Ровињ. Сите информации за програмата, говорниците и котизацијата може да се најдат на официјалната веб-страница на фестивалот, како и на профилите на социјалните медиуми – LinkedIn, Facebook и Instagram.