Microsoft Build 2023 официјално започнува денес. Тридневната конференција е една од неколкуте годишни конференции од големите компании кои со задоволство ги гледаме.

Иако ваквите конференции пред се’ се наменети за програмерите, на нив има доволно презентации поврзани со производите од Microsoft, од кои дознаваме доста за нивната иднина.

Конференцијата ќе започне во 17:30 часот по македонско време, а првата презентација ќе биде од директорот Сатја Надела, со почеток во 18:00.

Тој ќе говори за вештачката интелигенција, а во тоа ќе му се приклучат и Кевин Скот и Грег Брокман од OpenAI.

Сите презентации од Build 2023 ќе бидат достапни за стриминг во живо преку YouTube на овој линк, а целата агенда можете да ја погледнете тука.

Претходна статијаWhatsApp ја доби можноста за измена на испратените пораки
Следна статијаNetflix додава можност за филтрирање во листата на зачувани филмови и серии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.