Член на Управниот Одбор на најголемата медиумска куќа во балтичките земји доаѓа на Викенд Медиа Фестивал

Раидо Сом од “Постимес Група“ на Фестивалот ќе зборува за медиумската состојба во Естонија и предизвиците со кои се соочуваат

Скопје, 15. јули 2019 година – Дипломираниот адвокат и љубител на медиумите, естонецот Раидо Сом (Raido Soom), на овогодишниот Викенд Медиа Фестивал ќе одржи предавање со наслов “Media done the #EstonianWay“, во чиј фокус се медиумите во Естонија. Тој е член на Управниот Одбор и Продажен директор во “Постимес Груп“ (Postimees Grupp), најголемата медиумска куќа на Балтикот, основана во далечната 1857 година.

Неговото предавање ќе овозможи увид во предизвиците со кои се соочуваат медиумите во Естонија. Дополнително тој ќе покаже и како, во земја во која локалните медиуми континуирано растат и бројот на дневни весници за млади се зголемува, бил развиен составот на интегрираните редакции во најголемите национални и локални дневни весници и новински портали. Раидо Сом ќе зборува и за визијата на идните читатели на печатените медиуми, медиумското огласување, како и неговата улога во проектите со кои “Постимeс Група“ се издвојува од конкуренцијата. “Медиумите ги гледам како кучиња – чувари на демократијата, а моја работа е да ги нахранам тие кучиња за да може да ја работат својата работа“ – истакна Сом.

Иако завршил правен факултет, Сом никогаш не работел како адвокат затоа што пред седум години својот пат го насочил кон медиумите. Од 2017 година работи во “Постимес Група“ во чие портфолио има ТВ и радио станици, печатени и онлајн медиуми. Весниците “Постимес“ се најчитани, со приближно 180 000 читатели дневно, а под нивно раководство функционираат и шест регионални весници. Во однос на ТВ програмата се истакнува “ТЛЦ каналот“, додека пак “Канал 2“ уште во 2006 година се позиционираше како најпопуларен телевизиски канал и се задржа на таа позиција уште десет години. Шестте радиостаници на “Постимес“ имаат повеќе од 620 000 слушатели неделно, што ги прави едни од најслушаните радио станици во Естонија. Онлајн каналите покриваат секаков вид на содржини, од кино-програми до портали посветени на регионални и национални вести. 

Предавањето “Media done the #EstonianWay“ е само мал дел од богатата програма на дванаесеттиот Викенд Медиа Фестивал во кој ќе учествуваат повеќе од 150 предавачи и панелисти. Во Ровињ, од 19. до 22. септември се очекува присуство на повеќе од 5.000 учесници од сите земји од регионот.

Новина оваа година е и “Викенд Пакет“ кој овозможува резервација на сместување и котизација. Покрај ова, сите маркетери, своите изработени проекти може да ги пријават на осмиот по ред “BalCannes“, а најдобрите дигитални трудови ќе бидат дел од регионалните дигитални награди – SoMo Borac.

Претходна статијаАмерикански градежни компании се здружија за спречување на незгодите на работно место со помош на машинско учење
Следна статијаHuawei нуди до 50% попуст на промена на екранот на мобилни телефони на сите свои клиенти во Македонија