Хакатон 2025 е настан организиран од БЕСТ Скопје, дводневен натпревар каде студентите можат да ја покажат својата креативност и технички способности преку работење на проекти и решавање на проблеми од сферите на веб развивање, програмирање, вештачка интелигенција, PR и маркетинг, дизајн и слично. Настанот оваа година ќе се одвива во неверојатните простории на Startup Club Skopje.
📢 Ќе работите на вистински проблем зададен од партнерот за овој Хакатон – Startup Club Skopje за обновување на нивната веб-страница srekja.mk. Секој тим има слобода на креативност и флексибилност за кои програмски јазици и алатки ќе ги користи за ребрендирање и градење на страницата.
За да учествуваш на Хакатонот, не ти се потребни многу предзнаења – сѐ што ти треба е желба за стекнување на нови вештини, тимски дух и страст за технологија. 🔥
Твојот тим ќе има можност да се запознае и да соработува со претставници од Startup Club Skopje, победници на поранешните Хакатони и други експерти кои ќе ви бидат ментори за време на целиот настан.
✨ Хакатон 2025 е твојата шанса да се надминеш себеси, да стекнеш практично искуство и да добиеш можност за понатамошна работа со компанијата на твојот проект.
Како да се пријавиш? Собери тим од 3-5 луѓе и пријавете се на: 👉 https://hackathon25.best.org.mk/
Немаш тим? Нема проблем. Пријави се индивидуално и ние ќе те вклучиме во тим кој одговара на твоите интереси и вештини.
⏳ Краен рок за пријавување: 6.2.2025 година
Не ја пропуштај оваа шанса да ги развиеш своите вештини, да ги покажеш твоите способности и да се натпреваруваш за одлични награди. 🎁
За повеќе информации, следи нѐ на Instagram (@bestskopje), Facebook (BEST Skopje) и LinkedIn (BEST Skopje) и на нашата веб-страница.