Скопје, 10.12.2021г. – Традиционално, четврта година по ред, компанијата А1 Македонија, во соработка со GG.MK,  го организира најочекуваниот е-спорт настан во земјата – А1 Game Fest, овојпат повторно во живо.  

Финалето ќе се одржи на 10ти и 11ти декември во East Gate Mall, каде најдобрите од претквалификациите ќе се борат за победничко место во видео игрите Dota 2, CS:GO, Tekken 7, FIFA22, и возбудливиот Cosplay натпревар, а сите љубители ќе имаат можност во живо да го следат највозбудливиот дел на годинешното гејминг доживување.

Програмата за двата финални дена на А1 Game Fest најавува ултимативно гејмерско доживување и незаборавен хепенинг за сите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите останати љубители на гејмингот. Дополнително, финалето на А1 Game Fest ќе биде збогатено и со учество на нашите најпопуларни јутјубери, Steffonator i GP, кои ќе гејмаат и ќе се дружат со публиката.

Со најбогат награден фонд досега,  многу изненадувања и подароци за публиката, ова издание е уште еден чекор поблиску до светските е-спорт настани.

Сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а директен пренос преку супериорниот оптички интернет на А1 ќе биде емитуван и може да се следи на Facebook и Instagram профилите на А1 Македонија, како и на GG.MK.

За детали и сите потребни информации за самите натпревари прочитајте на  https://fb.me/e/4AaHJxwWk.

Претходна статијаMicrosoft тестира пристапување до „виџетите“ во Windows 11 преку ново копче на левата страна од „таскбарот“
Следна статијаКрафт ракијата Гордион Амбер достапна на македонскиот пазар

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.