Скопје, 10.12.2021: Соработката меѓу Гевгелиска дестилерија и Дистрибутерската куќа КОЛА ќе значи достапност на македонскиот пазар, стратегија која се совпаѓа со визијата за иднината на брендот Гордион Амбер – висококвалитетна крафт ракија за луѓе со стил.

  • Изборот на дистрибутерот КОЛА е дел од нашите заложби, нашиот бренд Гордон Амбер – препознатливата крафт ракија со килибарна боја, да биде достапна на севкупниот македонски пазар. Тоа е само еден од последователните чекори во фокусирањето на Гевгелиска дестилерија на постојаниот квалитет и понатамошна присутност и на странските пазари – вели Александар Попов, основач на Гордион Амбер.

Дистрибутерската куќа КОЛА со своето 30 годишно искуство нуди организирани, најсовремени софтверски решенија, следејќи ги светските стандарди при дистрибуција на производите. Токму така организираниот систем одговара и на намерите на Гевгелиска дестилерија за достапноста на крафт ракијата Гордион Амбер на домашниот и странскиот пазар.

  • Нашето портфолио со широк спектар и на алкохолни пијалоци, се проширува и со брендот Гордион Амбер – висококвалитетната крафт ракија на познатата Гевгелиска дестилерија. За нас ова е зголемување и на синџирот на доверба со нов партнер, но и нова можност и предизвик за развој на категорија пијалоци за луѓе со префинет вкус, знаење и желба за уживање во македонски премиум пијалок – вели Џоџа Бојаџиевски, сопственик на Дистрибутерската куќа КОЛА.

Гордион Амбер (https://gedistill.mk/) е craft ракија, која се произведува со процес на двојна дестилација на младо вино, по прецизно дефинирана и нијансирана рецептура, во традиционален аламбик казан. Името Гордион Амбер асоцира на неговото географско потекло (Гортинија е старото име на Гевгелија, добиено по кралот Гордион) и на богатата килибарна боја по која е препознатлива ракијата. За производство се користат квалитетни и внимателно селектирани сорти грозје од прва класа, кои се одликуваат со здраво зрно, соодветен број шеќерни единици, правилно оформен грозд и без дополнителни примеси. Следејќи ги стандардите на врвните производители на ваков тип пијалаци, за производство на Гордион Амбер се користи исклучиво срцевината од дестилатот. Ракијата се чува во буриња изработени од стогодишно француско дабово дрво што ѝ дава дополнителен луксузен шмек. Процесот на производство е целосно заокружен и строго контролиран од почеток до крај. Оригиналната рецептура на Гордион Амбер е создадена од врвни мајстори. Секое шише е возбудлива приказна која нуди уникатно доживување.

Гевгелиска дестилерија (https://gedistill.mk/) се занимава со производство на квалитетни алкохолни пијалаци со единствен и префинет вкус. Првичната намера беше да се создаде бренд кој ќе го стави гевгелискиот регион на светската мапа на производители на алкохолни пијалаци со врвен квалитет. Производствениот процес е заокружен, и е уникатна мешавина од традиционалниот начин на правење ракија и користење француска експертиза со зреење на ракијата во специјални француски буриња за чување ракија, изработени од стогодишно дабово дрво. Гевгелиска дестилерија е лоцирана во чиста природна средина, во чија околина нема никакви извори на загадување. Нашата визија е Гевгелиска дестилерија, покрај производствен капацитет, да стане и едукативен центар за млади дестилери, како и омилено место за „дегустаторски“ туризам во едно од еколошки најчистите места во Европа.

Претходна статијаА1 Game Fest 2021 финале овој викенд
Следна статија9. издание на Студентска Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој – СКЕЕОР 2021 започнува во понеделник