Фото: Марк Русинович/LinkedIn

На вечера организирана од страна на главниот технички директор на Microsoft Azure, Марк Русинович, присуствуваа и за првпат се сретнаа две личности за кои обично се смета дека не би сакале да разговараат. 

Работата не е толку драматична како што се претставува, но дефинитивно е интересна средбата која се случува за првпат помеѓу Бил Гејтс и Лајнус Торвалдс. 

Причината поради која оваа средба привлекува внимание може да се каже дека повеќе е поврзана со Торвалдс, човекот кој стои зад развојот на Linux Kernel-от и кој нема штедено зборови при критикувањето на Microsoft и Windows. 

Критики доаѓаа и од страна на Microsoft, а посебно во времето на Стив Балмер, нешто што сепак на крајот беше променето како став, посебно по приклучувањето на Microsoft кон The Linux Foundation и придонесувањето во одредени проекти со отворен код. 

Информацијата за средбата помеѓу Гејтс и Торвалдс кратко беше пренесена преку LinkedInn профилот на Русинович, кој истакна дека Лајнус никогаш го немал запознаено Бил и дека не биле донесени некои големи одлуки поврзани со „кернел“. 

На вечерата присутен бил и Дејвид Катлер, човекот којшто стои зад развојот на „кернелот“ на поновите верзии од Windows, односно Windows NT, верзии кои веќе не беа направени на основа на MS-DOS. 

Претходна статијаСудска одлука ги тргна промотивните материјали за соработката помеѓу OpenAI и Џони Ајв
Следна статијаApple го исправи еден од најкритикуваните делови од новиот Liquid Glass дизајн кај iOS 26
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.