Ќерката на Бил Гејтс, Џенифер Гејтс, ја прими првата доза од вакцината за COVID-19. Таа е студент на медицина, па во нејзината објава на Instagram за примањето на вакцината, даде и дополнително објаснување за предноста од вакцинирање.
Таа истакна дека ја примила првата доза од mRNA вакцината која ќе ги научи нејзините клетки да развијат имун одговор за вирусот. Таа е благодарна што можела да ја прими вакцината и смета дека што повеќе луѓе треба да се вакцинираат.
На крајот таа додава дека ќе продолжи да носи маска, иако има примено вакцина, а завршува и со шега на сметка на теориите на заговор за нејзиниот татко.
Познато е дека доста луѓе веруваат дека вакцинирањето се промовира од страна на Бил Гејтс кој на тој начин ќе ги „чипува“ луѓето со цел подобро нивно следење. Ова секако е смешно обвинување, но тие кои веруваат во тоа, тешко можат да бидат разубедени.
Џенифер Гејтс на крајот од својата објава пишува: „ППС за жал вакцината не го всади мојот генијалец татко во мојот мозок – кога mRNA вакцините би ја имале таа моќ…“.
Целата објава на Џенифер можете да ја погледнете во продолжение.