Nothing можеби не е голема компанија и држи многу мал дел од пазарот, но сепак привлекува внимание поради интересните уреди кои ги има, а посебно поради основачот Карл Пеи, кој е и ко-основач на кинескиот бренд OnePlus.
Тој уште при најавата за почетокот на работата на компанијата започна со големи тврдења, а кратко кажано, Nothing има за цел смартфоните повторно да ги направи интересни на пазар кој според нив целосно ја има изгубено иновативноста.
Тогаш мислев дека се работи само за уште еден стартап чиј сопственик најавува нереални работи, но мора да се признае дека Nothing дефинитивно го привлекува вниманието.
Пеи во интервју за Wired разговара на неколку теми поврзани со смартфоните и има интересни гледишта за тоа што се случува и иднината.
Тој продолжува да го има ставот дека пазарот веќе не е иновативен како порано, па смета дека компаниите се станати премногу големи и мораат да мислат на желбите на голем број и видови на корисници.
Тука ја гледа предноста на Nothing кои можат вниманието да го насочат кон конкретна група па корисници и со тоа да ми понудат поголема вредност.
Дали овој начин на гледање на работите функционира, не е до крај јасно поради тоа што Nothing има раст од 150% од минатата година, но тие сепак држат околу 0,1% од пазарот.
Интересен беше ставот на Пеи дека очекува во наредните седум до десет години веќе да нема апликации на смартфоните, а единствената „апликација“ ќе биде оперативниот систем. Тој смета дека со вештачката интелигенција, системот ќе биде тој кој ќе го познава корисникот и ќе може да извршува задачи во негово име.
Во интервјуто тој ги критикува и Apple за тоа што се случи со Apple Intelligence и истакнува дека компанијата денес не е каква што била порано.
Интервјуто можете да го прочитате тука.