Главниот директор и основач на познатата компанија Amazon, кој моментално е и најбогатиот човек во светот, одлучи да даде 10 милијарди долари од неговото богатство за борба со климатските промени.
Ова претставува скоро 10% од неговото богатство со кое тој ќе финансира научници, активисти и невладини организации чиј било каков напор ќе овозможи реална можност за зачувување и заштита на природниот свет.
За таа цел тој ја најави иницијативата „Bezos Earth Found“ преку која ќе ги финансира сите кои сериозно работат на намалување на човековото влијание врз Земјата.
Оваа одлука на Безос доаѓа во време кога тој добива критики дека нема направено доволно со оглед на богатството што го има, а и во споредба со некои од другите милијардери. Исто така, тој се соочуваше со можност за протести во Amazon поради влијанието кое таа компанија го има врз околината.
Од Amazon планираат да станат неутрални во својата емисија на јаглароден диоксид порано и од тоа што е договорено со Парискиот договор.