Microsoft оваа недела го претстави Pluton, безбедносен процесор којшто треба да ја зголеми безбедноста на компјутерите во иднина. Овој процесор треба да биде дел од чиповите за компјутерите, а за тоа од компанијата соработуваат со AMD, Intel и Qualcomm, кои во иднина ќе го вградат Microsoft Pluton во нивните x86 и ARM чипови.

Овој чип од Microsoft е замислен да го замени моментално посебниот чип за безбедност наречен TPM – Trusted Platform Module, а за почеток Pluton ќе функционира со софтверските алатки од TPM со цел да може да се овозможи постепено преминување на новиот чип.

Безбедносните чипови ги чуваат важните податоци од компјутерите, како што се тие од Windows Hello и BitLocker. Овие сервиси чуваат лични податоци од корисниците кои се шифрирани, па поради тоа се чуваат на самиот компјутер во посебен чип за таа намена. Други работи кои обично се чуваат на ваквите чипови се енкрипциски клучеви, лични податоци, кориснички информации и слично.

Причината поради која Microsoft планира да го интегрира Pluton на местото на TPM е поради слабоста која се покажа изминатите години на овој чип. Поради тоа што TPM е издвоен од главниот чип, комуникацијата помеѓу него и чипот е предмет на напади кои успешно се извршуваат.

Microsoft Pluton ќе биде вграден во самите чипови, со што нема да може да се пресретне комуникацијата.

Исто така, Pluton ќе може да се надградува преку серверите на Microsoft, но ова па отвара други прашања поврзани со приватноста на корисниците.

Pluto е чип којшто Microsoft пред се го има развиено за нивната Xbox конзола, како начин да се заштити од нејзиното „хакирање“ и можност за инсталирање на пиратски игри. Ова секако не е 100% заштита, но затоа повеќекратно ја отежнува работата, а исто така потребно е хакерот да има физичка пристап до самиот компјутер.

Нема точни информации за тоа кога може да се очекува интеграцијата на Microsoft Pluton со чиповите на AMD, Intel и Qualcomm, а тоа најверојатно ќе биде во нивните нови верзии, наместо да се направи измена на постојните. Според тоа, изгледа првите компјутери ќе може да се очекуваат од крајот на идната или најрано од 2022 година.

Сепак, Microsoft новиот чип го најавува како иднината на заштитата на компјутерите, па не е нешто што веднаш може да се очекува.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЕДУИНО Вебинар – Со совети и позитивни практики до прослава и изненадување за одбележување на “Светскиот ден на детето”
Следна статијаSkopje Photo Week: Сликај го Скопје и освој една од наградите со вкупна вредност од 100.000 денари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.