background-detect

ЕКГ, односно Електрокардиограм е метода за следење на работата на срцето која што веќе одамна се користи во медицината. Со оваа метода се откриваат неправилности во работата на срцето, а со тоа одредени пореметувања и проблеми со кардиоваскуларниот систем.

За правење на ЕКГ најчесто е потребно одење на доктор, а тоа не е само поради фактот што дома обично ја немаме потребната опрема. Докторот е потребен и за читање на резултатите од читањето на работата на срцето за да оцени дали тие се во ред или не.

Американската компанија AliveCor на пазарот претстави уред кој што се поставува на задната страна од паметните телефони и претставува преносен ЕКГ читач. Она што е важно кај овој уред е тврдењето на компанијата дека читањата кои што се добиваат се точни и може да се сметаат за релевантни во дијагностицирање.

Работат преку држење на прстите на двете површини, слично на начинот на кој што веќе ги држиме телефоните во легната положба. По кратко читање на сензорот, резултатите се добиваат директно на мобилната апликација достапна за iOS и Android оперативните системи.

3rd_gen_iPhone5_heartmonitor

Апликацијата покрај тоа што ги снима и прикажува отчукувањата на срцето, исто така кажува дали резултатите се нормални или можно е постоење на одредена состојба.

Се разбира не би можеле да бидете 100% сигурни само од едно читање преку овој уред, меѓутоа е добра основа за да отидете на доктор е да ги потврдите наодите.

Уредот од AliveCor се продава по цена од 75 долари, но за жал е достапен само во мал број на земји, меѓу кои не е нашата.

Извор: AliveCor, ZDNet

Претходна статијаMicrosoft ќе претстави два моќни Lumia телефони со Windows 10 годинава
Следна статијаWizz Air го пречека првиот патник со селектирано седиште
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.