Најновата генерација од Del XPS Desktop е достапна за корисниците на нашиот пазар преку Макпетрол Dell. Овој десктоп компјутер, со големиот избор од различни конфигурации, е наменет за повеќето корисници кои сакаат нешто повеќе од просечна машина, а по тоа е и позната XPS серијата од Dell.

XPS како серија е наменета за корисниците кои својот компјутер го користат за нешто повеќе од само сурфање по интернет и гледање на видео содржина. Со Dell XPS Desktop може да се завршат голем дел од посериозните работи, а може да се користи и за играње на игри.

Една од главните предности на Dell XPS е што не е во категоријата на „workstations“, односно најсилната категорија на компјутери наменета за професионалците, која обично доаѓа со доста висока цена. XPS серијата ги овозможува доста од карактеристиките на најсилната категорија, но сепак не е наменета само за професионалците, со што цената станува многу подостапна за повеќето корисници.

Dell XPS Desktop доаѓа со избор од 11-тата генерација од процесорите на Intel, GeForce GTX 1660 Ti, како и SSD дискови кои веќе се стандардни и кај оваа категорија на производи.

Од Dell посебно го истакнуваат новиот минималистички дизајн на куќиштето кое ќе може да се вклопи во било која канцеларија или дом. Тука е и специјалното внимание дадено на ладењето на компјутерот, односно при дизајнирањето не е земен само изгледот во предвид.

Една од главните предности на десктоп компјутерите останува можноста за конфигурирање, па покрај почетниот избор, останува можноста за надоградба на скоро секоја компонента во иднина.

Цените и останатите информации за купување на Dell XPS Desktop можете да ги погледнете на страната на Макпетрол Dell.

Претходна статијаФИТР и Стопанска Банка АД го олеснуваат финансирањето на иновативните компании
Следна статијаСе одржа првиот Italian Open Moto Day посветен на италијанската мото индустрија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.