4

Тастатури на пазарот можат да се најдат колку сакате, од обични е евтини, до многу поскапи наменети за професионално пишување и гејминг. Сепак она што е карактеристично за тастатурите е тоа што покрај одредена бројка на достапни копчиња кои што може да бидат програмирани, повеќето копчиња се фиксни и исти за сите. Тоа можеби не е некој сериозен проблем, но денешната технологија нуди можност за експериментирање.

Една технологија која што потенцијално ја наоѓа примената во повеќе производи е e-ink технологијата за екрани. Како што повеќе пати можевме да прочитаме на Смартпортал, оваа технологија овозможува прикажување на содржина на екранот со трошење на многу мала енергија и функционирање само кога прикажаната содржина треба да биде променета. Истата не остава впечаток на екран, туку на обична хартија.

Оваа технологија стана најпозната во користењето во електронските читачи за книги, на кои им овозможи на луѓето да добијат скоро исто искуство при читањето како и обична книга, мала потрошувачка, со предностите на електронските уреди.

jaasta-keyboard

Jaasta е тастатура која што е во развој која што за секое од копчињата користи e-ink технологија. Тоа овозможува да тастатурата буквално може да го промени изгледот, односно функцијата на секое копче според потребите на корисникот. Промената на копчињата се прави според претходни програми, на пример посебна тастатура за користење на Photoshop и посебна тастатура за користење на Word.

Копчињата се направени на начин кој што вклучува проѕирна пластика на горната страна наменета за притискање, под која што се наоѓаат малите e-ink екрани кои што ја прикажуваат моменталната функција на копчето.

Labeled - exploded model

Тастатурата треба да биде понудена и на некоја од платформите за групно финансирање, а треба да се продава по цена од околу 300 долари. Концептот на тастатурата е навистина интересен и можеме само да замислиме какви се тастатури ќе можеме да гледаме во блиска иднина.

Извор: Gizmodo, Jaasta

Претходна статијаWhatsApp поблиску до воведување на аудио повици ?
Следна статијаДали некој воопшто ги чита Политиките на приватност?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.